Лепа Брена ја доби најубавата роденденска честитка

 

Познатата балканска ѕвезда Лепа Брена вчера го прослави својот 54-ти роденден. Брена изјави дека ќе го мине во работна атмосфера, но и забавата не изостана. Таа одлично се забавуваше во друштво на пријателките, а денес Брена заминува за Америка да прослави и со семејството. 

-Понеделник е и целиот ден ќе ми биде работен и ќе го минам на нозе. Една забава ми подготвува Виктор и сакаше тоа да биде изненадување, но сосема случајно слушнав за неговиот план што, се разбира, нема да ми го намали задоволството од прославата. Другата забава веќе традиционално ми ја организира Стефан. За два дена патувам кај него на Флорида да прославиме“.

Пејачката откри дека таа повеќе сака да биде организаторката што ги изненадува најблиските со забави.

-Тајните планови ме исполнуваат, се радувам како дете“.

Брена си посака пред сѐ добро здравје и се заблагодари за повратената функционалност на нејзините раце, после скршениците.

Еве една прекрасна честитка што осамна на нејзиниот ѕид.

21.10.2014 - 11:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега