Камион без возач прегази пехчевчанец

Вчера во делчевското село Стар Истевник се случила несреќа во која било повредено едно лице. 46 годишниот пехчевчанец Ј.К. вршел утовар на трупци во камион, кога наеднаш возилото неконтролирано се придвижило наназад. Пехчевчанецот скокнал од камионот и заработил потешки повреди на ногата.

Повредениот Ј.К. веднаш бил пренесен во кочанскиот Медицински центар, а оттаму бил препратен во штипската болница, каде му била констатирана скршеница на десното стопало. 

најчитано сега