Ќе се убиел за да не разговара со полицијата - штипјанец скокна од зградата на штипската полиција

Сакајќи да избега од информативен разговор, штипјанец скокнал од прозорец  во полициската станица во Штип, објавува КАнал 5.

Според Канал 5, поради сомнение дека извршил серија тешки кражби, полицијата го повикала 19 годишниот Т.Д. на информативен разговор во зградата на штипската полициска станица. Штипјанецот сакал да го избегне овој разговор, па го искористил невниманието на полицајците и скокнал од отборениот прозорец на терасата. Тој паднал на асфалтот од паркингот, на еден метар од куќичката на дежурниот полициски службеник. 

Полицајците веднаш го одвеле во штипската Клиничка болница, каде му биле констатирани лесни телесни повреди во пределот на нозете. По укажаната лекарска помош, штипјанецот е пуштен на домашно лекување.

Против Т.Д. се поднесени две кривични пријави, за сторени тешки кражби и обид за бегство.

најчитано сега