Кумановски срдношколци открија како да се грееме на мраз
Десетина ученици и двајца наставници од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ откриле како енергијата на мразот да се искористи за греење, објавува Канал77. Тие учествувале на републичкиот натпревар за најдобар бизнис план на Машинскиот факултет во Скопје под момтото „Без струја и гас се грееме на мраз“. Покровител на натпреварот беше македонската Влада и Министерството за образование, објавува Канал 77.
- Дојдовме до алтернативен извор со помош на топлотна пумпа, сончев колектор и резервоар кој ќе ја пренесува целата таа енергија низ грејните тела во објектот, објаснуваат за Канал 77, учениците од четврта година.
Професорката по бизнис и претприемништво Стојанка Темова вели дека секоја година учествуваат и влегуваат во првите десет финалисти а оваа година го освоија второто место, кое носи парична награда од 50.000 денари.
- Целта е да ги мотивираме учениците да се занимаваат со иновации да се развива претприемничкиот дух кај учениците, вели професоркаѕа Даниела Ивановска за Канал 77.
Инаку, ова е шеста година како тимот од „Гоце Делчев“ учествува на републичкиот натпревар.
ФОТО: kumanovonews.com