Машки труп плови во Вардар

Во водите на реката Вардар кај село Ногаевци,  денеска попладне случајни минувачи забележале човечки труп закачен на гранки.

Нешто пред 18 часот, лешот е изваден од реката. Порталот  Лисица.мк, дознава дека станува збор за машки труп, во напредна фаза на распаѓање.

Телото е предадено на Судска медицина. Обдукцијата треба да ги даде одговорите на сите прашања.

15.10.2014 - 09:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега