Европски ден на дарување органи
Здружението на граѓани Нефрон денеска ќе го одбележи Европскиот ден на дарување органи што трета година по ред се одбележува и во Македонија.
По овој повод, и со дозвола од Европскиот директорат за квалитет на лекови и медицина, „Нефрон“ ја преведе и ја објави брошурата „Органодарителство-Ајде да зборуваме за тоа“, која е збир на информации за донирањето органи за трансплантација, лекувањеи и спасување друг живот.
- Во брошурата се содржани сите важни информации кои ќе му помогнат на обичниот човек да ја осознае суштината на медицинската процедура на трансплантација и на дарувањето органи по смртта како највисок хуман акт и чин на човекољубие со кој може да се спаси друг живот, соопшти Нефрон.
Европскиот ден за донирање органи во земјите на Европа се одбележува секоја втора сабота од октомври, а Советот на Европа има развиено унифицирано лого, идеи и програми за одбележување на денот во сите земји. Секоја година една земја-членка е носител на овие активности, а годинава тоа е Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа