Продавачката исплашена касата празна - вооружен грабеж на продавница во Аеродром
Вчера вечерта околу 22 часот, две маскирани и вооружени лица го ограбиле колонијалот „Мајаки“ на булеварот „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.
Според информациите на МВР, разбојниците влегле во продавницата, и се заканиле на 34 годишната вработена Е.С. и украле 17.000 денари. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на крадците.