290 дебарчанки добиваат надоместок за трето дете

 

Преку Меѓуопштинскиот центар за социјана работа во Дебар  право на паричен надоместок за трето дете остваруваат 290 корисници, додека за четврто 24 корисници.

- Преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, паричен надоместок за трето дете остваруваат 290 корисници и ова право ќе го остваруваат до десет годишна возраст на детето. Други  24 корисници остваруваат право на паричен надоместок за четврто родено дете. Што се однесува за првородено дете се добива само еднократен паричен износ од 5 илјади денари, вели Крешник Пачуку.

Лани, како што потврдуваат од Општата болница во Дебар, имало 160  новороденчиња, или пет повеќе соредено со претходната година, додека од во изминаиот период од годинава има десет бебиња повеќе споредено со лани истиот период.

најчитано сега