Време: Дожд грмежи и силен ветер

 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и локален пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

ФОТО: Телма 

најчитано сега