Ќе се извини ли Заев што ги лажеше граѓаните?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е виновен за клевета, пресуди судот во случајот во кој премиерот Никола Груевски го тужеше Заев за јавно изнесени обвинувања за случајот за Македонска банка. Според одлуката на судот, Заев треба да му исплати 50 000 евра штета на Груевски. 

-Судот во името на граѓаните на РМ одлучи дека тужбеното барање на Груевски се усвојува. Тужениот се суди за клевета бидејќи на две последователни прес-конференци, на 15 и 16.04.2014 година со намера да наштети на честа и угледот на тужителот пред пошироката јавност и медиумите изнел невистини велејќи дека „Груевски е таткото на криманлот“, дека земал пари во кеш на црно од продажбата на Македонска банка во износ од 1,5 милиони евра, дека ја оштетил државата за 225 илјади евра, и затоа што и по демнатот од тужителот, тој продолжил да шири невистини за време на митнизи во општините Центар, Карпош, Кочани, Куманово, Битола, Прилеп и други градови дека „Груевски е креатор на криминалната мрежа во Македонија, беше соопштено со пресудата.

Експертите коментираат дека аматерскиот обид на водење на политичка хајка за која се покажа дека е незаснована на вредни докази и аргументи, туку на измислени работи и невистини е причината за ваквата судска разрешница.

Во завршните говори полномошникот на тужителот Груевски, Никола Додовски, рече дека во овој случај се работи за една од најтешките облици на клевета сторени во нашата судска практика, а и не само во нашата.

- Тужениот, не само што не успеа да ја докаже вистинитоста на неговите изјави туку не успеа да докаже ниту дека имал основа да поверува во вистинитоста на тоа што го изјавил на неговите прес конференции, дури ни со доказите приложени од негова страна, изјави Додовски.

Останува отворено прашање дали лидерот на опозицијата ќе се извини за манипулациите и измислиците, откако Судот одлучи дека Заев лажел за Македонска банка и го осуди за клевета.

03.09.2014 - 23:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега