Во Крива Паланка во школските клупи седнаа 153 првачња

На првиот училишен ден од новата учебна година во двете кривопаланечки основни училишта тргнаа вкупно 153 првооделенци. Од нив 74 во основното општинско училиште „Илинден“ и 79 во основното општинско училиште „Јоаким Крчоски“.

Како и секоја година одговорните од училиштата организираа свечен прием за првачињата, а топло добредојде им посакаа наставниците, директорите и градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

- На сите дечиња им посакувам да бидат вредни и послушни, да учат и да се усовршуваат постојано, зашто тие се иднината на оштеството. Посакувајќи им среќен почеток во воспитно-образновниот процес, ние како општина секоја година им доделуваме скромни подароци на сите првачиња, со желби за просперитет и напредок, рече градоначалникот Алексовски.

Директорот на ООУ „Илинден“, Оливер Дејановски информираше дека бројот на запишани не е намален во однос на минатата учебна година.

- Од вкупно запишаните 74 првооделенци, 56 ќе учат во централното училиште, а 18 во подрачните училишта во село Мождивњак и село Конопница. Што се однесува до почетокот на наставата за останатите одделенија, првиот час од оваа учебна година беше резервиран за објаснување и презентирање на начинот на одржување лична хигиена на рацете, согласно препораките од Министерството за здравство, заради превенција од жолтица, рече Дејановски.

Од основното општинско училиште „Јаоаким Крчоски“ нагласија дека бројот на првачиња запишани во учебната 2014/2015 година е намален во однос на минатогодишниот.

- Лани во прво одделение в нашето училиште се запишаа 86 ученика, додека годинава оваа бројка е намалена и изнесува 79, од кои 73 ќе посетуваат настава во матичното училиште, а само 6 во подрачните, каде е забележителен трендот на постојано намалување, изјави директорот на ООУ „Јоаким Крчоски“, Драги Ристовски.

Инаку, како што потенцираше Ристовски, и во ООУ „Јоаким Крчоски“ се превземени сите мерки за превенција од хепатит А, огласно препораките од здравствените работници и Ценарот за јавно здравје и нагласи дека хигиената во училиштето секогаш е на високо ниво. 

01.09.2014 - 15:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега