Поплавите во Чешка однесоа 5 животи

Пет лица загинаа, а четири се сметаат за исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови во Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Последната жртва е 69-годишен маж, кој паднал во одводен канал и се удавил.

 

- Три смртни случаи имаме регистрирано во Централниот регион, едно лице во Плзенската област и едно во Храдекраловскиот крај, информираше портпаролката на полицијата Павла Копецка.

 

Копецка додаде дека за исчезнати се сметаат четворица кајакари. Првите две жртви, се брачен пар коj загина во урнатините на нивната викендица поради надојдена вода.

Осумдесет и двегодишен човек беше најден удавен во коритото на поток јужно од Прага, додека 55-годишен маж исто така беше пронајден удавен во реката Упа.

најчитано сега