Трибина за јавно говорење во Струга во организација на ВМРО-ДПМНЕ

Во организација на пратеничката Исмајлоска Нола и ВМРО ДПМНЕ во хотел Дрим, Струга денеска се одржува академија на тема „Јавно говорење“, чија цел е градење капацитети кај младите со муслиманска вероисповед кои зборуваат македонски јазик. Збор ќе земат Антонио Молошоски, Владимир Нелоски, Алим Билали и Нола Исмајлоска. Вклучени се млади од струшкиот, дебарскиот, реканскиот, прилепскиот и тетовскиот крај. Ова е прва од неколкуте академии кои ќе се организираат на секои 2-3 месеци за јакнење на младите луѓе и Република Македонија. 

 

30.08.2014 - 13:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега