500 нови случаи на ебола регистрирани минатата недела

Минатата недела се регистрирани над 500 нови случаи на заразени од ебола, што е повеќе отколку за која било седмица од појавата на епидемијата досега, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Најмногу од минатонеделните случаи се во Либерија, но има и во Гвинеја и Сиера Леоне.

СЗО вчера предупреди дека ширењето на епидемијата во Западна Африка се забрзува и бројот на заразени може да достигне 20.000 лица. Досега од смртоносниот вирус починале повеќе од 1.500 луѓе, а 3.000 се заболени.

Прв случај на ебола бил потврден и во Сенегал, соопштија здравствените власти.

29.08.2014 - 15:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега