Зошто плаќаме скапа храна: 10 фирми држат 90% од пазарот - ни набиват маржи и до 60%

 

Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија и труд денеска на седница на Владата треба да поднесат извештај во врска со бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи од што ќе зависи дали ќе се преземат понатамошни мерки за контрола на цените. Според првичните информации по спроведените инспекции, забележани се одредени злоупотреби на позицијата на пазарот. Во маркетите забележани се бруто маржи кои надминуваат 20% на основните прехранбени производи. На одредени детергенти и на производи за нега на бебиња забележани се маржи кои надминувале и 35%.
Контролата на увозниците и дистрибутерите пак покажала дека се ставале маржи од 25 до 45%, а проблем на пазарот е што 10 увозници контролираат над 90% од него. Рекордот го држи еден бренд на чоколадо на кој му набиле маржа од неверојатни 60%
Контролите продолжуваат и на производителите.
Граѓаните веќе два пати ги бојкотираа продавниците што го намали нивниот дневен профит.
Редовната седницата на Владата е во тек, премиерот детали најави по нејзиното завршување

11.02.2025 - 12:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега