МЕПСО се прости од колегата Буњаку: Хебиб ќе остане запаметен како исклучително колегијален и пред се добар човек
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2025/02/11/47791491911833958071224309115443170536258145n.jpg?itok=36l1qwvs)
АД МЕПСО на социјалните мрежи се прости од колегата Хебиб Буњаку, кој животот го загуби во синоќешната престрелка на паркинг во Топанско Поле.
„АД МЕПСО за последен пат се поздравува со нашиот почитуван колега и пријател, Хебиб Буњаку, кој вчера прерано го загуби својот живот.
Препознатлив по својата професионалност и трудољубивост, Хебиб ќе остане запаметен и како исклучително колегијален и пред се , добар човек.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со неговото семејство, со пријателите и сите кои го познаваа Хебиб.
Почивај во мир, драг наш колега!“, напишаа од АД МЕПСО.
11.02.2025 - 17:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа