(ФОТО) Јанев: Откриени и одземени над 4 кг кокаин од групата на Штекли

 

Откриените и одземените над 4 кг кокаин за кои претходно соопшти Јавното обвинителство се од групата на Штекли, информираше директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група на Штекли, и при дополнителни дејствија, по само нецел месец од разбивањето на групата, повторно е пронајдена и одземена дрога од истата криминална банда, истакна Јанев.

„Продолжуваме со нашата посветеност во борбата со недозволена трговија со дрога.
Нема непобедливи криминални структури – тоа го потврдуваме со секој нов успех и го разбиваме митот за непобедливоста на одредени поединци“, посочи Јанев.

11.02.2025 - 18:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега