Несовесен велешанец им продавал алкохол на малолетници

Велешката полиција при редовните контроли во угостителските објекти овој месец во два наврата констатирала кривично дело „точење алкохол на малолетни и пијани лица“, како и еден прекршок „овозможување присуство на малолетни лица по 24 часот“.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, по целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци до надлежните институции.

Во рамки на полициските контроли, се мери и нивото на бучавата во објектите и се води сметка за пушењето.

Контролите продолжуваат со цел, како што нагласи Стојковска, одржување стабилната безбедносна состојба, јавен ред и мир. 

29.08.2014 - 15:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа