Пронајдена планета надвор од сончевиот систем на која врне дожд
Тим американски астрономи пронајде планета надвор од сончевиот систем, од нашата одалечена 7,3 милиони светлосни години и на која врне дожд!
Новооткриената планета "WISE J0855-0714" е поголема од Јупитер дури 10 пати. На неа температурите се сибирски - од минус 48 до минус 13. Дождовната планета ја "откри" телескоп долг 6,5 метри наречен Магелан. Ова е прв пат надвор од сончевиот систем да се откријат дождовни облаци, кои во иднина би можеле да обезбедат опкружување за можен живот на човечкиот вид.
27.08.2014 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа