Премиерот Груевски на средба со Николиќ и Дачиќ во Белград

Денеска Владите на Македонија и Србија во Белград ќе одржат заедничка седница, на чиј дневен ред се повеќе теми од взаемен интерес.

Пред седницата, премиерите на двете земји, Никола Груевски и Ивица Дачиќ, јави известувачот на МИА, ќе имаат тет-а-тет средба.

 Премиерот Груевски попладнево ќе се сретне и со српскиот претседател Томислав Николиќ, како и со претставници на Македонското национално малцинство во Србија.

најчитано сега