Пронајдено телото на исчезнатиот келнер- еве што се случило
Телото на Петар Обренчевиќ (33) келнерот кој пред неколку дена исчезна од сплавот “Шејк енд шејк” синоќа било извлечено од водите на реката Дунав кај кулата Небојша во Белград.
Според првичните податоци на полицијата се работи за несреќен случај, односно Петар паднал од сплавот а бидејќи бил непливач се удавил во реката.
Како што дознава српски Ало, полицијата синоќа во 12 часот добила дојава дека во реката се наоѓа безживотно тело. Полицијата веднаш интервенирала по што успеале да го извлечат трупот, а по кратко време било утврдено дека се раоти за исчезнатиот келнер кој пред неколку дена мистериозно исчезна.
За потсетување Петар исчезна ноќта помеѓу 23- 24 август додека бил на работното место на сплавот “Шејк енд шејк” каде требал да ја одработи својата смена од 21 до 4 часот, за што еден од негоите колеги вели дека последен пат го видел Петар на полноќ.
Неговото исчезнување го пријавиле колегите кои за него велат дека е интелегентен, мирен, ведар и дека воопшто не е конфликтна личност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа