Таткото на исчезнатото девојче добил застрашувачки повик - еве како му се заканиле

Игор Стојановиќ, таткото на исчезнатата Марина, денеска примил застрашувачки повик. Како што пренесува српскиот Ало, очајниот татко добил повик кој траел неколку секунди, а потоа врската се прекинала.

- Поубаво ти е да не се плеткаш со медиумите за исчезнувањето на ќерка ти и не треба да те интересира дали е мртва или жива, било она што таткото го слушнал од другата страна на слушалката по што врската веднаш била прекината.

Таткото сепак и покрај заканите вели дека нема сила која ќе го спречи да ја бара својата 17-годишна ќерка.

- И покрај тоа што полицијата трага по моето дете, и јас заедно со семејството, пријателите роднините си започнав своја истрага. Мислам дека од полицијата нема корист, но јас нема да се смирам додека не си го најдам детето, вели Игор.

25.08.2014 - 11:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега