Ова старо женско име повторно е модерно во Македонија, има прекрасно значење
Иако последниве години во тренд се кратките и модерни имиња, полека се враќаат и подолгите, добро познатите.
Ова име беше заборавено одреден период, но сега се враќа како модерно. Се работи за името Наталија.
Името Наталија во последните години повторно стана многу популарно како кај нас така и во земјите од регионот. Потекнува од латинскиот јазик, од името „Наталија“ или „Наталис“, или од зборот „наталис“, што значи „роденден на Исус Христос“ или „Божиќ“, „ден на радост“, „прослава“, „фестивал“, „ден на среќа“.
Ова име порано им го давале на девојчињата родени на Божиќ, но во современиот свет таков обичај повеќе не се практикува, па името Наталија има и други значења – „таа што се родила радосна“, „жена која носи среќа и славење“, „среќна и родена под среќна ѕвезда“, „таа што е дар од Бога“, „Божја ќерка“, „безгрешен“, „милостив“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа