ФОТО: Тони Михајловски „распали" на Фејсбук - порака до оние кои се полеваат со вода
Тони Михајловски на фејсбук ги „утепа" оние кои се полеваат со ледена вода.
Идејата на овој предизвик е всушност покренување на свеста за една од најтрагичните заболувања, амиотрофична латерална склероза. Всушност преку номинирањето на ѕвезди за овој предизвик се бара тие да донираат за овозможување на пронаоѓање лек за кобната болест. Оној кој нема да го прифати предизвикот да се полее со ледена кофа и номинира уште тројца, донира средства. Оној кој ќе го прифати предизвикот го споделува видеото и каузата, со што се шири повикот и понатаму за поддршка и помош на заболените лица.
- Супер е ледениот предизвик,но приметив исто така дека пред да ја “попијат” кофата истите пишуваат чек. Кофите ги видовме ама чековите никаде ги нема .. Да не сме ја утнале поентата малце се плашам.. – напиша Тони на својот фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа