Охриѓанец си чувал оружје во својот дом
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 58- годишниот С.В. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Вчера од претходно добиена наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во домот на пријавениот при што беа пронајдени се еден автоматски пиштол „Шкорпион“, 69 парчиња пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри и 15 парчиња муниција калибар 12 милиметри.
23.08.2014 - 12:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа