Една девојка загина една се бори за живот - сташна сообраќајка во Куманово

 

Една девојка почина, двајца се борат за живот во соораќајка која се случила денеска во Куманово. Според се уште не потврдени информации, една од повредените девојки им подлегнала на повредите во Клиничкиот Центар во Скопје.

Како што објави Кумановоњуз, според информации на очевидци, до сообраќајката дошло кога БМВ со кумановски регистарски таблички, кое се движело од бензинската пумпа на „Макпетрол„ кон градот, со голема брзина удрило во возило кое чекало да помине на семафорот.

Од силниот удар одзади, колата што стоела излетала од коловозот и удрила во две девојки кои се движеле по тротоарот.

Девојките на возраст од околу 20 години, се здобиле се тешки повреди на главата и кичмата и во безсознание, со возила на итна помош се пренесени во кумановската болница. Возачот кој чекал да се отвори семафорот на раскрсницата исто така е пренесен во болница со повреда на главата, додека возачот на бемвето останал неповреден.

Полицијата излезе на терен и врши увид на лице место за да се утврдат причините за сообраќајката.

најчитано сега