Еве кој се закити со наградата „Мајка Тереза“

 

Државната награда „Мајка Тереза“ за  остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност за 2014 година и е доделена на Поликсена Илиоска, одделенски наставник и педагог, одлучи Одборот за доделување на наградата.

Наградата  на Илиоска ќе и биде врачена на 26 август 2014 година во  Собранието на Република  Македонија.

Наградата „Мајка Тереза“ се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите  и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. 

18.08.2014 - 10:28
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега