Заев: 2. јуни е почеток на крајот на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Струмица и кандидат за лидер на опозициската СДСМ, пред делегатите на денешниот Конгрес за избор на нов претседател ја претстави својата програма.

- Многумина се прашуваат што треба да донесе денешниот ден и што треба да значои овој Конгрес за македонските социјалдемократи. Едни очекуваат пресвртница во политичкото делување на партијата како убава можност за развивање на премрежјата надвиснати над Македонија и нејзините граѓани. Други натоварени со политички багаж со сомнителна содржина ја убедуваат јавноста да биде скептична во социјалдемократската преобразба, а трети кои едноставно без прогнози го очекуваат епилогот од она што СДСМ го анјавува како патоказ во своите ангажмани. Сите тие нема да го добијат денес својот одговор, затоа што Конгресот не дава такви одговори, тукуу само ги најавува. Одговорите ќе следуваат веќе од утре, од ден на ден се повеќе и повеќе, се посилно и посилно, се подобро и подобро, истакнал Заев во денешниот говор на Конгресот за избор на нов лидер на СДСМ.

Тој им порача на сопартијците дека доколку ја добие нивната победа, победничкиот менталитет ќе стане доминантен и со него на чело, СДСМ повторно ќе стане победничка партија.

-2. Јуни е почеток на крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакнал Заев.

 Инаку, во тек е гласањето на делегатите на Конгресот. За победник ќе се смета оној кој ќе добие над 50% од гласовите.

ИЗвор: Бриф