Го претепале и го оставиле во влезот од зградата - стружанец се бори за живот во охридската „Св.Еразмо“

 

Вчера наутро околу 9:40 часот, на приземје на зграда во Струга бил пронајден во бесознание 41 годишниот стружанец В.Б. Стружанецот имал видливи повреди на главата и телото. 

Кога дошол при свест, В.Б. објаснил дека бил физички нападнат од три засега непознати лица. Стружанецот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во СТруга, од каде, заради сериозноста на повредите, бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

најчитано сега