Тешка сообраќајка кај Кондово: Воз удри во автомобил, тројца во болница

Воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево попладнево предизвика тешка сообраќајна несреќа.

На патниот премин преку железничкиот премин кај Кондово, возот удрил во автомобил марја „Шевролет Авео“ со скопски регистарски таблички.

Три лица кои се возеле во Авеото, се пожалиле на повреди по што биле префрлени во болница.

Месното население кое било сведок на оваа сообраќајка, почнало да фрла камења и метални шипки кон возот.

12.08.2014 - 21:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега