Ин мемориам: Почина Митко Мустачки-Сокол
По долго боледување денеска во Скопје почина Митко Мустачки Сокол.
Соколот, како што го викаа неговите пријатели и музичари, беше познат гитарист на повеќе рок состави, меѓу кои и на Долар и Карамела.
Тој во еден период водеше и музичка те ве емисија со наслов „Старите добри времиња“ во кои, користејќи ја својата исклучително богата видео и аудио архива, направи вистински времеплов на добрата музика од македонските, поранешните ју простори и од светот.
Неговите колеги од музичката сцена неодамна организираа и хуманитарен концерт за финансиска поддршка на лекувањето, но болеста, за жал беше посилна од големата волја на соколот, неговите најблиски и другарите.
Митко Мустачки Сокол остави силна трага на македонската рок сцена со своето одлично свирење на електрична гитара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа