ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Илинден

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита најсветиот ден за македонската историја, државниот празник Илинден.

Илинден во колективната македонска меморија е запоменат како ден кога е запалена и е разгорена искрата на слободата и независноста.

Денес чествуваме 111 години од Илинденското востание и херојството на епопејата Илинденци, кои го посеаа семето на нескршливоста.

Денес чествуваме јубилејни 70 години од АСНОМ, темелот на нашата државност врз кој денес ја градиме Република Македонија како современа држава, рамноправна во меѓународните односи.

Илинден е денот кога си припомнуваме на хероите кои ги дадоа своите животи за  слободата и го превземаме нивниот завет.

Овој ден е ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата, овојпат тоа е борбата за напредок на татковината во секој поглед.

Нека е честит Илинден.

Нека е вечен и вековит празникот.

Нека е вечна и вековита Македонија.

02.08.2014 - 11:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа