Иванов се сретна со Нимиц

 

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска оствари средба сомедијаторот Метју Нимиц кој од вчера е во посета на Македонија. 

На средбата беше разгледана актуелната состојба во разговорите за надминување на ова прашање. Претседателот Иванов ја реафирмираше државната позиција на Република Македонија и посветеноста за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за разликата околу името.

 - „Како и досега, и натаму Република Македонија активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение за разликата околу името", рече Иванов.

Македонскиот претседател истакна дека до решение за спорот со името може да се дојде само со конструктивност од двете страни и придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. 

29.07.2014 - 12:35
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега