Продолжува 62. седница во Собранието на Македонија

 

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи 62. седница, на која поради немање кворум, гласањето за измените и дополнувањата на Кривичниот законик, по скратена постапка е одложено за 15 часот.   

 

На дневен ред на седницата се Предлог законот за прекинување на бременост, за измените и дополнувањата на Кривичниот законик, на Законот за државните службеници, на Законот за јавните службеници, на Законот за земјоделско земјиште, на Законот за акцизите, на Законот за здравствена заштита, како и за Предлог на законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост. На дневен ред се и Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички, Предлог законот за финансиската инспекција во јавниот сектор и Предлог на законот за филмската дејност, сите по скратена постапка.

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега