Првиот модуларен паркинг во Кавадарци интензивно се гради
Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов денес информираше дека изградбата на првиот модуларен паркинг во Кавадарци се интензивира.
- Станува збор за нов современ паркинг за 80 возила. Кавадаречкиот модуларен паркинг е втор од ваков тип во Македонија, по оној во општина Центар во Скопје. Се работи за површина од 1.100 метри квадратни во строгото градско подрачје, над паркот кај полицијата и е на две нивоа. Инвестицијата од 30 милиони денари е наша, сите средства се од буџетот на општина Кавадарци, рече градоначалникот.
Со ова ќе се реши проблемот со дивото паркирање во Кавадарци.
Според Панов, ќе стартува зонското платено паркирање, ќе се воведе јавно-приватно партнерство во оваа, како што вели, важна сфера од градското урбано живеење, а граѓаните мора да се навикнуваат и да плаќаат за паркирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа