Време: Не очекува тропски ден

 

Во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и топло. Во доцните попладневни часови постепено зголемување на облачноста, кое во доцните вечерни часови и во текот на ноќта ќе донесе врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 10°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C до 37°C. УВ индекс 9.

Во вторник во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 23°C, а дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 4. 

20.07.2014 - 22:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега