Голем шумски пожар на Пелопонез - 50 пожарникари се борат со пламените јазици

Педесетина пожарникари и 20 противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот што денеска избувна во близина на населеното место Кунина, во северниот дел на Пелопонез.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пожарот бил запален рано изутринава, а ветровите го прошириле кон недостапни места.

Противпожарната служба на Грција денеска соопшти дека најкритични места во кои можат да избувнат пожари се јужните и југоисточните делови на Грција, со оглед на тоа што во другите делови се очекува дожд.

15.07.2014 - 12:21
Фото: 
Нетпрес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега