Откриена причината поради која починал малолетникот од Србија

Четиринаесет годишниот Петар Вучиќевиќ кој вчера беше пронајден мртов на таванот од шталата во близина на неговата куќа во селото Трнава кај Чачак, според првичните информации, најверојатно починал  од топлотен удар, пренесуваат српските медиуми.

Телото на Петар го пронашол неговиот постар брат, кoга се вратил од работа околу 20 часот видел дека го нема неговиот брат дома и прво го побарал на мобилниот телефон, но Петар не му одговорил. Веднаш потоа го пронашол неговиот телефон во кујната, но сепак не помислил дека се случило нешто лошо со неговото помало братче. Излегол со друштвото и се вратил дома околу 23 часот, по што се загрижил за помалиот брат и почнал да го бара. Бидејќи Петар имал навика да си игра на таванот од шталата прво го побарал таму и веднаш го видел безживотното тело на помалиот брат. Веднаш повикал брза помош, но веќе било предоцна, пренесе Блиц.

На телото на Петар нема траги од насилство.

10.07.2014 - 10:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега