Радост во Велес: Прва тројка по пауза од 70 години!

Јосиф, Јаков и Дамјан се трите сина што на 13 јуни ги добија мајката Наташа и таткото Орце.  Новороденчињата се родени во Скопје, но ќе живеат во Велес затоа што нивните родители се велешани.  Трите синчиња се прва рожба на среќните родители. Тие деновиве заедно со мајката Наташа  си дојдоа од Скопје во нивниот дом во Велес, пишува локалниот „Дума.мк“.

Ова е втора родена тројка новороденчиња во градот. Првата ја доби семејството Слабеви кога пред седум децении им се родија трите ќерки Нада, Љуба и Вера. Од тогаш во Велес во неколку наврати се родиле близнаци. Но, првата машка тројка се токму Јосиф, Јаков и Дамјан, кои се родени минатиот месец.

05.07.2014 - 15:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега