„Разговарав на телефон со Стефан кога загина“ - мајката преживеала невиден хорор

Мајката преку телефон слушнала како нејзиниот син гине во сообраќајна несреќа. Семејсвото Станковиќ во Чачак, Србија е во црно откако завчера, нивниот син, 20 гдишниот Стефан загина во сообраќајна несреќа. Тој минувал улица на несоодветно место во центарот на Белград, кога нанего налетал трамвај кој го турнал под тркалата на Брзата помош кој минувала во близина. Во моментот на трагедијата Стефан разговарал на телефон со својата мајка. Несреќната жена не ни помислувала  дека тоа ќе биде последниот разговор со нејзиниот син.
Кога го удрил трамвајот, врската се прекинала. Неговата мајка повторно бирала, но не добила. Се обидела многу пати но безуспешно.  Никој во неговото семејство не знаел дека Стефан загинал. За несреќата прва дознала неговата девојка Милица која на фотографиите објавени на интернет порталите ги видела неговите патики.

04.07.2014 - 00:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега