Македонија доби нов заменик-министер за локална самоуправа

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 62. седница го изгласа предлогот на Владата за именување на Ѓорѓија Сајковски за заменик-министер за локална самоуправа.

Премиерот Груевски, осврнувајќи се на биографијата на Сајковски, изрази надеж дека тој со својата стручност и искуство успешно ќе ја извршува новата функција.

Претходно, Собранието ги назначи новите министри за образование и за труд и социјална политика и новиот министер без ресор за привлекување странски инвестиции. 

 

најчитано сега