Близначки во ист ден дознале дека се бремени и во ист ден се породиле

Ерика и Ташина Екли во ист дознале дека се бремени, во ист ден се породиле во истата болницата во Меин. Ташина родила девојче кое го крстила Ајвори Мае Кашинг, додека Ерика на свет донела здраво машко бебе, кое го крстила Лејтон Картер. 

- Се шегувавме дека би било кул бебињата да се родат истиот ден, но не очекуваме дека тоа навистина ќе се случи, рече Ташина за „Banor Daily News“, а нејзината сестра додаде: - Истиот ден купувме тестови и откривме дека сме бремени. Дури и на контрола отидовме заедно.

И двете решиле во ист ден радосната вест заеднички да и ја пренесат на мајка им.

- Чекав неколку часа после сестрами, а потоа ја прашав мајка ми, дали би сакала да има по едно бебе на секоја рака, како што тоа беше случај со нас. Не знаеше за што зборувам се додека не дозна дека и јас сум бремена, изјави Ташина.

најчитано сега