Македонскиот виртуоз на пијано ја воодушеви публиката во Хрватска

Македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески ја подигна температурата и предизвика овации во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Речиси сите хрватски медиуми пишуваа за Македонецот кој имаше инзвонредна изведба.

„Вечерњи лист“ објавува дека за добрата атмосфера на концертот придонесле и сонародниците на Трпчески кои по неговата, како што се наveduva, страствена изведба на 4. Концерт за клавир и оркестар од Сергеј Рахмањинов, го развиориле македонското знаме. Воодушевување предизвикала и изведбата на македонската народна песна „На Струга дуќан да имам“ која за клавир и оркестар ја обработиl Панде Шахов.

ФОТО: Нова Македонија

 

најчитано сега