Казино во Струга остана без 200.000 денари
Вчера во 3 часот и 35 минути на улицата „Маршал Тито“ во Струга било ограбено казиното Астра клуб „Сенатор“.
Маскиран разбојник ги нападнал двајцата вработени во казиното и успеал да одземе 200.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.