Првата судијка од Македонија во Европскиот суд за човекови права и актуелна претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николоска, во гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 се осврна на судскиот процес за трагедијата во Кочани.

Николоска нагласи дека е неблагодарно и неодговорно да се прават прогнози за времето на донесување на пресудата.

„Многу е поважно правдата, многу е рано за било каква прогноза. Треба да почекаме процесот да започне и да се одвива согласно законските процедури,“ рече таа. Таа додаде дека вниманието треба да се насочи кон обезбедување на фер судење за сите страни, отколку кон предвремено предвидување на исходот.

Exit mobile version