Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, гостувајќи во дневникот на МТВ, детално го појасни системот на санкционирање преку проектот „Безбеден град“. Тој нагласи дека целта не е само казнување, туку и мотивирање на возачите да ја прифатат одговорноста, за што се предвидени конкретни бенефити.

Она што е ново за возачите е можноста за намалување на времетраењето на забраната за управување возило. „Ако, согласно закон, за одреден прекршок е предвидена забрана за управување од минимум три месеци, во случај на доброволно прифаќање и плаќање во рок од 16 дена, таа забрана може да биде намалена, на пример на 45 дена“, појасни Тошковски. Оваа мерка е воведена за да се избегнат долгите судски постапки кога доказите од камерите се јасни.

Сепак, за сериозните прекршоци, како возење над 90 км/ч во зона 50, забраната за управување останува како мерка. Министерот потсети и на правилото дека ако казната се плати во рок од 8 дена, се плаќа само половина од сумата. Граѓаните имаат право и на судска постапка, но во тој случај ги губат овие поволности.

Exit mobile version