Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го посети зимското одморалиште на МВР на Пониква, каде што традиционално во овој период престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.

Тошковски оствари заеднички ручек со присутните, поминувајќи време во разговор и дружење. Тој истакна дека државата има морална и институционална обврска кон овие семејства.

„Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци,сопрузи, синови во одбрана на татковината. Таа жртва не смее и нема да биде заборавена“, порача министерот.

Тој додаде дека грижата за нив претставува аманет и трајна обврска на институциите – секогаш да бидат покрај нив, да им даваат поддршка и да одговараат на нивните потреби во рамките на надлежностите.

Exit mobile version