Од денеска, 1 февруари, официјално почнува со целосно функционирање системот „Безбеден град“. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека системот ќе биде активен на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и долж магистралните патишта на Коридорите 8 и 10.

Ова означува крај на толеранцијата и почеток на санкционирање на граѓаните чии прекршоци ќе бидат детектирани од поставените камери. Системот автоматски ќе регистрира четири типа на најчести сообраќајни прекршоци:

  1. Управување со брзина поголема од пропишаната;
  2. Минување на црвено светло;
  3. Непрописно паркирање;
  4. Управување возило со истечена регистрација.

Од МВР појаснуваат дека камерите се стратешки поставени на критичните точки каде статистички најчесто се случуваат прекршоци. „Системот ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние што не сакаат да ги почитуваат правилата на сопствена штета и на штета на другите“, велат од МВР.

Exit mobile version