Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски во Радовиш: Над 250 милиони денари инвестиции за инфраструктурни проекти и развој на општина Радовиш

    Николоски во Радовиш: Над 250 милиони денари инвестиции за инфраструктурни проекти и развој на општина Радовиш

    26.09.2026 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш за подобрување на инфраструктурата и развој на општината. Отворени сме за соработка, доколку општината има готови проекти ние сме подготвени да ја подржиме, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски при посетата на општина Радовиш.

    “ Само во еден инвестициски циклус, само преку Министерството за транспорт, во различни проекти инвестираме околу 250 милиони денари, што мислам дека ќе се согласите е една сериозна сума која што претходно не е видена како инвестиција во општината. Дали се работи за директни проекти преку Министерството за транспорт или се работи преку Македонија пат или се работи за владини програми, кога сите проекти ќе се соберат, се доаѓа до оваа сума што е платена во општината. Ќе продолжиме да ја поддржуваме во следниот период, отворени сме за нови проекти и ќе продолжиме да работиме на нови проекти”- изјави  Николоски.

    Тој истакна дека Владата во континуитет овозможува поддршка на општините во инфраструктурни проекти.

    “ Oвде во Радовиш работевме проект на улицата „Илија Алексов“ во урбаниот блок 15. Генерално, гледате дека ги поддржуваме многу општините. Веќе е активен вториот повик каде што апликациите доаѓаат од општините. Имаме средства кои што се во рамките на Министерството за транспорт што можат да се искористат, доколку општината има готови проекти, ние сме спремни да ги подржиме” – истакна заменик претседателот на Владата, Николоски. 

    Тој денеска во Радовиш ќе присуствува и на културни настани, за како што рече ќе придонесе за зачувување на традицијата и развој на локалната економија. 

    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

    06.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.