Close Menu
Press24
    Најново

    Еве кој може да смета на речиси 1.500.000 динари: Српската влада усвои уште една програма за поддршка

    20.02.2026 во 17:08

    СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски

    20.02.2026 во 16:56

    (ФОТО) МВР со шокирачки детали за планираниот масакр во Македонија: Терористот спремал над 600 куршуми, ножеви, автоматски пушки и панцири

    20.02.2026 во 16:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Еве кој може да смета на речиси 1.500.000 динари: Српската влада усвои уште една програма за поддршка
    • СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски
    • (ФОТО) МВР со шокирачки детали за планираниот масакр во Македонија: Терористот спремал над 600 куршуми, ножеви, автоматски пушки и панцири
    • Неверојатна измама во Неготино: Mу оставил заклучена чанта со катанец, а му зел 4.000 евра
    • Падна Италијанец на Табановце: Се обидел да внесе цел арсенал оружје во Македонија
    • Спречен масакр во Македонија: Млад терорист од Мала Речица планирал напад како во американските училишта
    • Муцунски со полна агенда: Нови можности за соработка со Шведска, Португалија и Казахстан
    • АМСМ со важна информација: Сообраќајот на патот Виница – Берово е во целосен прекин
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Во Ѓорче Петров со поддршка од Светска банка целосно ќе се реконструираат улици

    Николоски: Во Ѓорче Петров со поддршка од Светска банка целосно ќе се реконструираат улици

    15.10.2025 во 14:26
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати заедно со кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски. Николоски се осврна на проект, кој е дел од поширока програма за изградба и реконструкција на локални патишта, со поддршка од Светска банка, а ја нагласи и идејата за развој на индустриска зона околу обиколницата, со цел да се отворат нови работни места во близина на местото на живеење на жителите.

    ,,Навистина е задоволство да се присуства на почеток на овој проект, особено што до води до една преубава црква стара повеќе од 100 години. Мислам дека со завршувањето на проектот, целиот овој дел од општината ќе добие свој нов лик којшто ќе е во корист на жителите кои што тука живеат, а секако отвори можности и други  да доаѓаат и тука да живеат, затоа што се работи за едно навистина прекрасно место“, вели Николоски.

    Николоски истакна дека улицата на која се работи во моментов е дел од договорот со Светска банка за финансирање и изградба на локални патишта.  Како што вели тој, во општина Ѓорче Петров има многу проекти од двата повици на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за поддршка на локалните самоуправи. Тој додаде дека во подготовка е буџет за општини кои се, како што вели тој, шампиони во она што го работат.

    ,,Ќе продолжиме да ја поддржуваме општина Ѓорче Петров, тука имавме доста проекти и во првиот повик и во вториот повик. Александар е одличен градоначалник, и еден од најдобрите градоначалници кои што ги има државата и треба такви градоначалници да се поддржуваат, дека веднаш после завршувањето на локалните избори, а тука работата ќе биде завршена уште во недела, во првиот круг. Очекуваме да достави нови проекти кои што ќе бидат надвор од овие буџети, односно спремаме еден специјален буџет за поддршка за неколку општини кои што се навистина шампиони во она што го работат, а Ѓорче Петров тука предничи, и Александар како градоначалник, така што дополнително на овие проекти ќе имаме и нови проекти кои што градоначалникот ќе ги достави“, кажа Николоски.

    Николоски нагласи дека идејата е да се развие индустриска зона околу обиколницата, и на тој начин граѓаните би можеле да имаат работа блиску до нивното место на живеење.

    ,,Продолжуваме во оваа насока да работиме секаде онаму каде што можеме. Знаете дека се работи тука во близина и обиколницата, вчера имаше увид од страна а градоначалникот и на директорот на ЈП Државни патишта, таа многу значи за комуникацијата на жителите од овој крај на општината и ќе продолжиме да ја развиваме, идејата е да се развие  една индустриска зона околу обиколницата како луѓето би можеле и својата работа да ја најдат блиску до местото на живеење“, заклучи Николоски. 

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.